Ford како засилување на британската полиција

ОБЈАВЕНО НА:

За разлика од земјите на регионот каде возилата за полицијата и останатите безбедностни структури се набавуваат преку едноставна тендерска постапка, во Велика Британија ситуацијата е сосема различна.

Во оваа земја полициските сили пред да ги изберат возилата истите ги тестираат и ги евалуираат нивните технички перформанси. Така изминатиот период на листата за тестирање се најдоа две возила на Ford.

Станува збор за новиот Ford Focus и тоа ST Estate верзијата опремен со 2.3 литарски EcoBoost турбо бензински мотор кој продуцира 276 КС. Тука е и камионетот Range Raptor кој е опремен со 2,0 литарски четирицилиндрен дизелски мотор со 210 КС.

Доколку успешно ги поминат тестовите тогаш наскоро би можеле да ги видиме овие две возила во служба на полицијата во Велика Британија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK