Уште една награда за Mazda 3 – најдобар автомобил во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Жирито составено од 38 стручни лица во конкуренција од 194 автомобили го избра автомобилот Mazda 3 за автомобил на годината во Кина за 2020 година.

Седанската верзија на овој автомобил се покажа како најдобра во големата конкуренција на домашни, кинески автомобили, но и на луксузните европски автомобили предводени од Mercedes, BMW и Volkswagen.

Ова е четврта голема награда која ја добива тројката на Mazda. Претходно овој модел ја доби наградата “Најдобар женски автомобил 2019”, “Автомобил на годината во Шкотска” и “Автомобил на годината во Тајланд”.

Истовремено е номиниран и за најдобар европски автомобил во конкуренција на други 34 автомобили. Оваа награда ќе биде доделена следната пролет во рамките на саемот за автомобили во Женева.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK