Сега е идеално време за патување таму: Топ – 10 дестинации во Африка

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку земјите во Африка со сета своја убавина ве привлекуваат, а при тоа имате и малку повеќе пари, тогаш треба внимателно да ја одберете следната ваша дестинација. Особено сега кога кај нас зимата е на прагот, студот полека влегува во коски и сите почнуваме да зборуваме – кога ќе дојде летото.

За тоа ќе ви помогне Africa.com која направи рангирање на топ 10 дестинации кои треба да ги посетите на “Црниот континент”.

БОЦВАНА

Botswana

Боцвана е земја лоцирана во јужниот дел на Африка. Се граничи со Намибија, Зимбабве, Замбија и Јужна Африка. Она што ја сместува оваа земја на оваа ранг листа е одличната можност за сафари и запознавање со дивиот свет на Африка.

Поради климата и дождовите, во оваа земја ќе ве пречекаат огромни зелени површини.

КЕНИЈА

Kenya

Кенија од година во година бележи се поголем напредок на полето на туризмот. Иако можеби Најроби и не е најбезбеден град, сепак одличните ресорти овозможуваат вистински уживања. Тука особено ќе го издвоиме островот Манда.

ЛЕСОТО

Lesotho

Лесото е една од најмалите земји во Африка. Опкружена е од Јужна Африка, а особено е привлечна за планинарење. Во оваа земја е сместен врвот Табана висок 3.482 метри над морето. Иако мала земја, сепак располага со бројни природни резервати, а доста евтино е и сместувањето кое стартува од 10 долари за ноќевање.

МАРОКО

Поради блискоста со Шпанија и Португалија, но и минатото кога оваа земја беше колонизирана од повеќе европски земји, Мароко е африканска земја со европска душа.

Овој микс на култура каде доминира арапската овозможува несекојдневни доживувања. Казабланка, Рабат, Фес, каде и да одите нема да згрешите, а искуството со локалната кујна е она што ќе го паметите засекогаш. Одлично место за гурмани.

ЗАНЗИБАР

Како остров во Индискиот Океан, оваа дестинација која политички е управувана од Танзанија е одлична доколку сакате плажа и сонце.

РЕУНИОН

Реунион е прекуокеанска територија управувана од Франција. Со само 350 километри квадратни, ова е еден од најмалите територии во Африка.

Овој остров каде во минатото имало бројни активни вулкани, сега располага со големи зелени пространства и песочни плажи, а Реунион е идеална дестинација доколку сакате да ги истражите океанските длабочини.

РУАНДА

Rwanda

Руанда е најбрзо растечката економија во Африка сместена токму во срцето на овој континент. Важи за планинска земја и бројни вулкански езера.

Овде нема да најдете плажи, но затоа имате одлична можност да се запознаете со културата на локалното население.

САО ТОМЕ И ПРИНЦИПЕ

São Tomé e Principe

Овој остров лоциран јужно од Нигерија и Камерун и западно од Габон и Екваторијална Гвинеја, располага со долги песочни плажи. Тука се и прашумите богати со најразновиден дивеч, а градските средини се со привлечна архитектура. Тоа е така бидејќи со децении овој остров беше под владание на Португалија.

ЈУЖНА АФРИКА

South Africa Beach Africa Destination

Доаѓаме до најразвиената земја во Африка. Поради површината, но и географската положба во оваа земја е идеална и за сафари, но и за сончање на песочните плажии. Дурбан, Кејп Таун и Порт Елизабет, тоа се трите градови кои ви нудат одлична забава.

Најголема знаменитост е ‘ртот Добра надеж, најужниот дел од Африка.

СЕЈШЕЛИ

Seychelles

За Сејшели и не треба многу да се зборува. Не само во Африка, Сејшели високо котира на листите на најдобри дестинации и на глобално ниво. Причина за тоа е топлата клима, зеленилото, златните плажи и неверојатно бистрата вода. Вистински рај на земјата.

Па сега на вас останува да решите каде ќе отпатувате…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK