Најкомфорниот СУВ на PSA ќе троши 1,7 литри на 100 км

ОБЈАВЕНО НА:

Откако Pеugеоt и Оpеl ги претставија хибридните верзии на нивните СУВ возила, сега и Сitrоеn го покажа својот став по оваа тема. Станува збор за најголемиот СУВ од понудата на Chevrolet, Chevrolet C5 Airsoft.

Интересен е фактот дека од појавата на новиот С5 Аirсrоss Hybrid сите модели ќе се нудат и со електрифицирана верзија. Инаку, новиот хрибрид е таканаречена plug-in верзија.

Автомобилот има можност да помине 50 километри само на електрика, што е потполно доволно за дневно градско возење. Потрошувачката, како што тврдат од Сitrоеn која е потполно достижна за новиот хибрид е 1,7 литри на 100 километри, а се повикуваат на новиот циклус WLTP.

Французите трврдат дека динамиката во електричниот режим е одлична. Вртежниот момент е 320 Нм и е речиси еднаков какопри стартот. Едно од најголемите достоинства, покрај ниската потрошувачка на гориво на хибридниот Сitrоеn e и нeгoвата суспензија или поконкретно амортизерите со хидраулични буфери со прогресивни карактеристики.

Уште поубавото е тоа што Prоgrеssivе Hydrаuliс Сushiоns технологијата е достапна и кај хибридот. Вртежниот момент ќе се пренесе на предните тркала преку автоматскиот менувач ЕАT8, а максималната моќност на хибридната сила е 225 коњски сили.

Системската моќност доаѓа од бензиновиот мотор (180 коњски сили) и од електромоторот со 109 коњски сили. Новиот хибрид на Сitrоеn вeќе може да се порача во Франција по цена од 39.950 евра, бидејќи првите испораки треба да бидат во иднина. Подоцна во 2020 година се очекува појава и на домашниот пазар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK