Откако дилерите во САД го увериле Volkswagen дека можат да продадат доволен број на возила, компанијата реши истиот да го стави во понудата и во 2019 година да почне да се продава и преку Атлантик.
За да го задржи интересот во СУВ сегментот, Германците решија да понудат помал СУВ. Главни конкуренти на T-Roc ќе бидат Jeep Renegade и Nissan Juke. Во Европа моделот треба да пристигне најрано во август.
Околу 650 дилерски места ширум земјата биле консултирани и сите биле „за“ производство на T-Roc. Она што засега е неизвесно, е дали возилото ќе се произведува во Мексико во фабриката во Пуебла, или пак ќе се увезува од ервопска фабрика од Португалија.
Покрај T-Roc ќе остане и Tiguan во понудата што ќе доаѓа од Германија и сѐ додека за него има побарување, и за она зо подолго меѓуоскино растојание. Тоа значи дека Американците ќе имаат на располагање три СУВ возила, двата модели на Tiguan и уште и новиот Atlas. A во 2019 треба да пристигне и новиот T-Roc.
Но T-Roc може да биде преименуван за американскиот пазар. Во Европа моделот треба да биде претставен во август годинава и ќе се нуди со опција со погон на сите четири тркала.