Новата, петта генерација од култниот Range Rover ќе биде претставена во текот на 2021 година, пишуваат британските медиуми.
Тие, повикувајќи се на извори од производителот наведуваат дека новата генерација ќе се темели на MLA (Modular Longitudinal Architecture) платформата.
Новата генерација доаѓа со далеку помала тежина и тоа благодарение на користењето на алуминиумот. Исто така, во понудата ќе се најде и plug-in хибридна верзија и целосно електрична верзија.
Најмоќниот Range Rover ќе располага со 406 КС, а оној со најголема автономија ќе има дострел од 480 км.