Американскиот производител Lucid Motors формиран во 2007 година пред три години го претстави концептниот модел Air кој го најави како конкурент на електричните автомобили на Tesla.
Сега, и официјално потврди дека започнува со препроизводствените процеси пред и официјално да го започне сериското производство на крајот од следната година.
За почеток Lucid Air ќе биде опремен со два електро мотори, еден на предните тркала и еден на задните, со вкупна сила од речиси илјада КС. Купувачите ќе имаа избор на батерија од 100 kWh или 130 kWh, што би требало да овозможи досег од 400 милји.
Цената на овој автомобил засега не е позната и се очекува да биде откриена на почетокот на следната година кога ќе стартуваат и нарачките.