По 24 години Ford Bronco се враќа во понудата

ОБЈАВЕНО НА:

По 23 годишна пауза Ford годинава конечно објави дека го враќа моделот Bronco во својата понуда.

Во пресрет на премиерата, Ford објави кратко видео со историјата на овој модел, но при тоа објави дека светската премиера ќе ја има следната пролет.

Засега се знае дека во понудата ќе дојде со 2.3 литарски EcoBoost турбо бензински, четири цилиндрен мотор, но и со хибриден погон. При тоа, овој модел доѓа со последната технологија развиена од Ford, но и со многу додатоци со цел да парира на Jeep Gladiator.

https://youtu.be/qlQnc8mxNz8

За потсетување, називот Bronco, Ford го кроистеше за компактниот SUV кој се произведуваше и продаваше во периодот од 1965 до 1996 година, а сега, по речиси 24 години повторно ќе се врати во понудата на американскиот производител

.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK