Во Букурешт автомобили кои загадуваат ќе плаќаат еколошка такса

ОБЈАВЕНО НА:

Градскиот совет на Букурешт пред неколку дена го изгласа проектот на градоналничката Габриела Фиреја, за воведување на специјален данот за автомобили, кои не го исполнуваат еколошкиот стандард Евро 5. Таканаречената „кислородна вињета“ ќе им дава можност на автомобилите кои загадуваат со стандард Евро 4 и Евро 3 да се движат низ градот, но откако ќе платат за тоа.

Одлуката на општината забранува автомобили со стандард Евро-2 или уште понизок стандард во таканаречената зона за дејство на квалитет на воздухот (ZACA) во центарот на Букурешт. Истата стапува на сила од 1 јануари 2020 година. После овој датум автомобилите со еколошка класа Евро 1 и Евро 2 нема да можат да се движат низ Букурешт, но ќе треба да платат „кислородна вињета“ од 3,2 евра на ден.

Автомобилите со Евро 3 и Евро 4, пак, ќе плаќаат по 1,06 евра на ден, но тие ќе можат да се движат и низ центарот на Букурешт. Данотот за автомобили со Евро 3 ќе се применува од 1 јануари 2020 година, додека за автомобилите со Евро 4 од јануари 2021 година. Сопствениците на автомобили ќе имаат можност да платат и месечни или годишни виљетки, а тие ќе имаат различни цени, кои ќе зависат од стандардот на загадување.

Казните за возачите, кои не ги почитуваат новите одредби ќе изнесуваат од 320 до 400 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK