За да не купуваат Lamborghini: Ќе се зголеми производството на Ferrari

ОБЈАВЕНО НА:

Шефот на Ferrari, Серџо Маркионе сака да го зголеми производството на спортски автомобили, со што купувачите нема повеќе да чекаат долго на возилото што го сакаат. На тој начин нема да им се случува оние што неможат да чекаат на испорака, наместо Ferrаri да си купат Lamborghini.

Според Маркионе во 2017 година прогнозата е Ferrari дека ќе продаде помалку од 8.500 возила во светот, што споредено со 2016 ќе биде повеќе, бидејќи лани се продале 8.014 возила, а во 2015 биле продадени 7.664 возила. Но, првиот човек на компанијата сака да ги направи сите купувачи среќни, и затоа сака да го зголеми производството.

„Листата на чекање за некои модели е навистина долга. Тоа е нешто најлошо што можеш да им го направиш на купувачите, изјавил Маркионе кој потврдил дека на саемот во Женева сретнал луѓе што не успеале да купат автомобил Ferrari.
Ланските извештаи велат дека нарачките за моделите 488 GTB, California и GTC4 Lusso T ќе имаат испорака дури во 2018 година.

А кога луѓето неможат да купата Ferrari, тогаш се вртат кон друга италијанска марка.
„Имам голем респект кон Стефано Доменикали, но многу луѓе купуваат Lamborghini бидејќи неможат да дојдат до Ferrari, изјавил Маркионе.

Нема потврда дали е ова вистина, но бројките покажуваат дека продажбата на Lamborghini во 2016 скокнала за 7 отсто, и биле продадени 3.457 возила, во споредба со 3.245 во 2015.
Ferrari бара начини како да се зголеми продажбата, но според Маркионе, нема да произведуваат возило што нема да го сакаат

Следете не и на:

24AUTO NETWORK