Статистиката покажува дека на годишно ниво постои тренд на зголемување на сообраќајните незгоди кои настануваат поради тоа што предизвикувачот го користел мобилниот уред додека вози. Не сите се свесни за тоа колку мобилниот телефон е закана за безбедноста па оттука постојано практикуваат да гледаат во него додека возат.
На интернет се појави видео на кое се гледа како возач на Ford камионет на автопат во близина на Окклахома се забива во колона на возила.
Тој за полицијата изјавил дека во колоната удрил бидејќи гледал во својот мобилен телефон и не приметил навреме дека пред него има застој.
https://youtu.be/J5Fg9FJqH7s
За среќа причинета е само поголема материјална штета, а неколку возачи се полесно повредени.