Компанијата Volvo ги откри првите детали за првиот целосно електричен сериски автомобили, кој е создаден на база на хитот на брендот, компактниот СУВ модел XC40.
Од Volvo коментираат дека со премиерата на електричното XC40 компанијата не само што ќе го претстави првиот автомобил од овој вид туку и еден од најбезбедните на патот, со оглед на сите предизвици пред кои беше исправена при преконфигурирањето на погонот.
„Независно од тоа што го придвижува автомобилот односно дали е електричната машина или мотор со внатрешно согорување, едно Volvo мора да биде сигурнo. Целосно електричното XC40 ќе биде еден од најбезбедните автомобили, кои некогаш сме ги произведувале“, вели Малин Екхолм, директорот на делот за безбедност во Volvo Cars.
За постигнувањето на ова, од Volvo го имаат доработено купето на XC40, додавајќи поддршка на конструкцијата и зацврстувајќи ги батериските елементи во нова дел под подот на автомобилот.
Електричното Volvo XC40 ќе биде првото возило на брендот кое ќе биде опремено со системот Advanced Driver Assistance Systems (ADAS) во кој се вклучени множество радари, камери и ултразвучни сензори, поставувајќи го почетокот на идниот развој на системот за автономно управување.
Светската премиера на целосно електричното Volvo XC40 ќе се одржи на 16 октомври.