Конечно претставен новиот Nissan Juke – нов дизајн за поголема возбуда

ОБЈАВЕНО НА:

Како што беше и од претходно потврдено, Nissan во пресрет на саемската премиера која ќе се одржи на претстојниот саем за автомобили во Франкфурт, премиерано го откри изгледот на новиот Juke.

Втората генерација од најпопуларниот и најпродаваниот модел на Nissan, доаѓа со целосно нов екстериер и ентериер.

Базирајќи се на CMF-B платформата која во моментов ја користи петтата генерација на Renault Clio, овој, целосно нов Juke нуди повеќе простор, повеќе комфорност и секако, повеќе технологија.

Патниците на задната клупа сега добиваат за 58 мм повеќе простор за колената, а капацитетот на багажниот простор е зголемен за 20% со што сега изнесува 422 литри.

Во внатрешноста видливи се новитетите, а централно место зазема 8 инчниот екран кој доаѓа со последната верзија на Apple CarPlay, Android Auto и Google Assistant сервисите.

Секако, тука е и бројната опрема која овозможува полесно и безгрижно патување, поголема безбедност и сигурност. Препознавање на сообраќајните знаци, интелигентен систем за сопирање, евидентирање на пешаци и велосипедисти, систем за предурпедување при напуштање на коловозна лента, сензор за мртов агол е дел од богатата опрема.

Во однос на мотористиката, централно место зазема 1.0 литарскиот DIG-T бензински агрегат кој продуцира 115 КС. Ваков ист се користи и кај останатите модели од Renault-Nissan Алијансата. Покрај овој, во понудата ќе има и други, дополнителни, но засега остануваат непознаница.

За потсетување, овој модел за прв пат започна да се произведува во 2010 година во фабриката во Канагава (Јапонија). Сепак благодарение на одличната продажба и зголемената побарувачка, набрзо овој модел започна да се произведува во Сандерленд (Велика Британија) и Пурвакарта (Индонезија).

Новата, втора генерација ќе се произведува само во Сандерленд, засега, а првите испораки се очекуваат да се случат кон крајот на ноември.
Следете не и на:

24AUTO NETWORK