Како влијае музиката врз вас додека возите?

ОБЈАВЕНО НА:

Какво влијание има музиката врз нашето возење? Одговор на ова прашање дава едно истражување во кое се опфатени повеќе возачи и консултирани експерти.

Генерално, влијанието на музиката зависи од човек до човек, но истражувањето дава општа констатација за видот на музиката што (не)треба да се слуша додека се вози.

Така, музиката со брз ритам може да влијае врз адреналинот и да предизвика брзо и агресивно возење. Од друга страна, музиката со (по)спор ритам е побезбедна за нас бидејќи овозможува повнимателно возење и возење со помала брзина.

Исто така прегласната музика е многу штетна при возењето. Најпрво, таа не оневозможува да ги регистрираме надворешните звучни сигнали како што се свирките од останатите возачи, како и сирените на полицијата, амбулантните возила и слично. Исто така, гласната музика оневозможува да се слушне звукот на моторот кој може многу да кажува за моменталната состојба на возилото.

Препораките се да се вози со музика со спор ритам и гласност која овозможува да се слушне моторот на автомобилот. Ова секако не важи за електричните автомобили од проста причина што истите се безчујни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK