Следува плоден период: За 6 години DS ќе нуди по еден нов модел годишно

ОБЈАВЕНО НА:

Откако на интернет беше претставен изгледот на DS7 Crossback, францускиот бренд има амбициозен план. Според магазинот Autocar, во следните шест години, луксузниот бренд на Citroen ќе претставува по еден модел на секои 12 месеци. Прв во низата ќе биде DS3 Crossback што треба да биде ривал на Audi Q2 а потоа ќе следуваат у други модели како DS9 Crossback што ќе му конкурира на Audi Q7.

Но, постојат и шпекулации дека ќе има и замена на сегашната DS3 и ќе има промовирање на два луксузни седан автомобили, DS5 i DS9 што треба да се појават во почетокот на следната декада. Има размислување дека иднината на DS9 зависи од купувачите во Кина каде се очекува да има постојана побарувачка за луксузни седани во следниот период.

Иако има молк од компанијата во однос на плановите за DS семејството, потпретседателот за маркетинг на DS, Арно Рибо изјави дека навистина се размилсува за ширење на семејството со СУВ возила и седан верзии.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK