Elio Motors има една интересна и едноставен идеја во авто индустријата. Компанијата со седиште во Аризона, а што има фабрика во Луизијана само што почна да прима нарачки за нивното прво возило.
Според Businessinsider станува збор за возило со три тркала што е легално да се користи на улиците во САД, и ќе се продава по цена нешто над 7.000 долари. Досега повеќе од 60.000 луѓе покажале интерес за автомобилот и можност за нарачка.
Идејата е да се овозможи основна мобилност за луѓето што неможат да си дозволат „нормално возило“ со четири тркала. Најевтиниот автомобил што може да се купи во САД е Nissan Versa што чини над 10.000 долари.
Можно е да се најде половно возило за цена од 7.000 долари, но сигурно нема да биде егзотично како што е ова на Elio.
Ова возилот на Elio може да мине 130 километри со еден галон гориво (4,5 литри). Моделот има стандардна трансмисија, две седишта. Еден прототип веќе се појави на улиците на Њујорк.