Fiat Chrysler Automobiles (FCA) и CK Holdings по неколку месечни преговори постигнаа договори и ја официјализираа купопродажбата на Magneti Marelli. Во официјалното соопштение FCA соопштува дека за договорот со CK Holding, италијанско-американската компанија ќе добие 5,8 милијарди евра што е за 400 милиони помалку од почетната барана сума.
Новата компанија сега ќе се вика Magneti Marelli CK Holdings што воедно прераснува во топ 3 најголеми производители т.е. добавувачи во автомобилската индустрија.
FCA се реши за продажбата на оваа профитабилна компанија пред се со цел да обезбеди прилив на средства со кои ќе се финансира имплементацијата на новата развојна стратегија, но и со цел да се фокусира исклучиво на производството на автомобили.