Женева е местото каде Mercedes ќе го претстави својот најбрз караван, новата Е-Class 63 AMG. Покрај обичната верзија ќе има и посилна, која во името ќе им има буквата S.
Караванската верзија ќе има исто така мотор со 4,0 литарски V8 мотор со сила од 571 КС, односно 612 КС со 850 Нм вртежен момент. Ова е резервирано за AMG S верзијата. Разликата меѓу „обичната“ и „S“ верзија е што поспората забрзува до стотка за 3,6 секунди, а побрзата за 3,5 секунди. А тоа искрено многу и нема да го препознаете кога сте зад управувачот.
Овој брз спортски караван треба д аму биде конкуренција на Audi RS6. Но, на хартија барем според фабричките податоци Mercedes има побрз „ѕвер“, бидејќи Audi забрзува до стотка за 3,9 секунди, односно 3,7 секунди во варијантата „performance”.
Двете верзи на Mercedes доаѓаат со 4Matic+ погон. Ако имат еповеќе храброст можете да го одберете drft mode, што е опција за ставање на возилото во dynamic начин на возење, и менување на брзините со рачките поставени зад управувачот, и тоа со исклучен ESP.
Преносот на силата е преку задните тркала. Потрошувачката на гориво е 9,1 литри, а сериозна улога за тоа игра и оптимизираниот деветстепен AMG SPEEDSHIFT MCT (Multi Cluctch technology) менувач.
Иако станува збор за високи перформанси, самиот факт дека е караван верзија носи и свои семејни предности. Багажниот простор е 670 литри. Резервациите за моделот ќе почнат од април годинава, а првите испораки се планирани за јуни.