Никаде ги нема: Се трага по 284 луксузни автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Кога државата купува возила тогаш тие и најмалку се „чуваат“, и секој посакува да ги „позајми“, ако може и трајно. Интересна вест доаѓа од Папуа Нова Гвинеја каде надлежните служби се во потрага по 284 луксузни автомобили кој кон крајот на минатата година “исчезнале” без трага.

Во ноември минатата година во оваа земја во јужниот Пацифик се одржа годишниот самит на APEC (Asia-Pacific Economic Cooperation), а организацијата заедно со Владата на оваа земја обезбедија луксузни 284 возила наменети за делегациите.

По завршување на овој самит тие возила не биле вратени во владиното депо, а полицијата веднаш започна со истрага. Најголем дел од автомобилите се од брендот Maserati чија продажна цена изнесува над 100.000 долари.

Според портпаролот на полицијата, утврдено е дека 9 возила се украдени, дел се расклопени во делови, а има и такви што се вратени со сериозни оштетување. Засега се откриени само 40 автомобили што е премалку во споредба со вкупната бројка.

Засега никој во оваа земја немаобјаснување како може да се случи да волку автомобили исчезнат од видот на надлежните служби.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK