Следниот тркачки Golf GTI ќе добие и електро сила

ОБЈАВЕНО НА:

Следната генерација на Volkswagen Golf GTI ќе исползува од подобрените перформанси и ќе ја подобри економичноста во потрошувачката благодарение на хибридниот погон.

Осмата генерација на Golf е веќе во развој повеќе од една година, а премиерата треба да ја има во 2019 година. Тркачката верзија GTI треба да следи во 2020 година.

Според пишувањата на медиумите, новиот Golf GTI ќе продолжи да го користи 2.0 литарскиот турбо четири цилиндричен мотор, но ќе има инсталирано и 48V електричен систем и вграден стартер мотор. Класичната турбо верзија ќе биде заменета со електро компресор. Оваа значајна механичка промена ќе донесе брз одзив и максимален вртежен момент достапен во широк распон на вртежи на моторот.

Менувачот најверојатно ќе биде седумстепен DSG, но нема информација дали барем како опција ќе има и мануелна трансмисија. Максималната сила со комбинација на двата мотора треба да испорачува максимални 261 КС, слично како и сегашниот Golf GTI Clubsport.

Користењето на новата MQB платформа ќе овозможи тежината на возилото да с енамали за 50 кг.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK