Кога се наоѓате во некоја непријатна или ненадејна ситуација, „извлекувањето“ зависи од вашата умешност но и од системите што ги има автомобилот.
Постојат многу слични системи кои се вградуваат во различни возила, а во принцип работат на сличен начин. А автомобилските компании постојано се натпреваруваат меѓусебе околу тоа кој ќе направи подобар систем.
Трите лути ривали, BMW, Audi и Mercedes постојано меѓусебе се споредуваат, и сакаат да бидат подобри од другите. Овие три бренда најчесто се предводници во технолошкиот развој и идеите, и тие ги поставуваат стандардите кога е во прашање технологијата.
Секако постојат разлики. Во ова видео ќе видите кој е подобар – xDrive, 4Matic или Quattro?