Во пресрет на премиерата закажана за на саемот за автомобили кој на 30 ноември започнува во Лос Анџелес, а откако претходно се појавија неколку фотографии, сега повторно на интернет се појавуваат нови фотографии од моделот 911 на Porsche.
Овој модел кој ќе го замени постоечкиот лансиран во 2012 година, како што можеше да се види и од претходните фотографии, нема многу измени во однос на претходната генерација, нешто што е карактеристично за моделите на Porsche.
Најголема измена има на задниот дел каде сега има споени стоп светла. За спортскиот карактер кој несомнено и тоа како го има овој модел, големи заслуги има и 3.0 литарскиот bi-turbo агрегат со 390 КС кој сега доаѓа со нов седум степен мануелен менувач.
Кај овој модел покрај тоа што е намалена тежината, намален и коефициентот на отпор на воздух кој од 0.29 е намален на 0.27 што го вбројува овој модел меѓу оние автомобили со најповолен коефициент на отпор. Во однос на претходната серија (992) кај оваа серија имаме зголемување на димензиите. Така должината од 4.500 мм пораснува на 4.520 мм додека пак ширината од 1.810 на 1.840 мм.
Во однос на цената и продажбата, овој модел во продажба се очекува да влезе на почетокот на следната година, а цената во САД најверојатно ќе се движи помеѓу 90 и 100 илјади американски долари.