Нема криза: Во Америка лани продадени 17,55 милиони нови возила

ОБЈАВЕНО НА:

Времињата кога фабриките во САД беа на работ на банкрот, а кризата сериозно чукаше на вратата се веќе минато. Тоа го покажуваат и резултатите од продажбата на нови автомобили во САД во 2016 година.

За 0,4 отсто е надмината рекордот од 2015 година, и лани бил епродадени вкупно 17,55 милиони возила. Продажбата на лесни камионети и спортски возила е зголемена за 8,3 отсто, додека продажбата на патнички возила паднала за 4,7 отсто.

Ford е најдобар домачен продавач со 2,6 милиони возила (од што 61 отсто се камионети), и ја забележа најдобрата година во последната декада.
Toyota е најдобар странски продавач со 2,4 милини возила.
Рекорди рушеа и Nissan i Honda во САД. Nissan продал вкупно 1,4 милиони возла, што е за 5 отсто повеќе од лани, а Honda продала 1,6 милиони возила, што е за 3,2 отсто повеќе од лани.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK