Купувате автомобил, го возите и ви стигнува писмо од дилерот во кое се вели дека поради производствена грешка вашиот автомобил ќе биде заменет со нов. Звучи неверојатно? Да, ова го има во САД.
Благодарение на строгите законски регулативи со кои се заштитуваат потрошувачите, но и посветеноста на Subaru кон обезбедување на висок квалитет за своите клиенти, овој јапонски производител на девет сопственици на моделот Ascent им додели целосно нови автомобили, со идентична опременост како и нивните претходни модели.
За што станува точно збор? Поради грешки во програмирањето на роботите за заварување, роботите погрешко ги заварувале столбовите на автомобилите. При интерната истрага на Subaru откриено е дека тоа се случило помеѓу 13 и 21 јули годинава поради што морале да бидат отповикани 293 продадени автомобили.
При проверката утврдено е дека кај 9 од повлечените автомобили грешките се непоправливи па овие сопственици добиле веднаш нови автомобили. Најголем дел од останатите автомобили кои биле погодени со оваа производствена грешка не биле продадени односно се наоѓале во т.н. транзитна зона, а кај само неколку биле константирани дека нема производствена грешка.
Инаку ова не е прв пат поради ваков вид на грешка да се повлечат автомобили. Претходно во САД по наредба на Националното тело за безбедност на сообраќајот и патиштата нареди повлекување на моделот XF на Jaguar како и моделите Eos, Golf, Passat, Tiguan и Touareg на Volkswagen.