Раководните луѓе во Nissan потврдија дека компанијата работи на ново плаг-ин возило откако Renault-Nissan купи 34 отсто акции во Mitsubishi.
Пред да биде потврден договорот, во Nissan беа насочени кон целосно електрично возило, а сега откако влегоа во Mitsubishi ќе можат да користат и некои од технологиите што се вградени во моделот Outlander PHEV.
Сега Nissan работи на развој на целосно електрично возило за европскиот пазар, но се уште им треба „мост“. Се претпоставува дека следната генерација на производи ќе биде правена со заеднички сили, а засега нема конкретен договор, па секој ќе си работи на своите модели.
Nissan веројатно ќе прави помало EV возило, бидејќи во понудата ќе го имаат Mitsubishi Outlander PHEV, па новиот модел би бил помал и ќе користи новата генерација на EV технологија.