Школа на зимско возење (2 дел): Поретко сопирање и без нагли покрети

ОБЈАВЕНО НА:

Одлика на возење во зимски услови е што има недостаток на „грип“ односно прилепување на тркалата со подлогата, а до тоа нема да стигнете со нагли покрети, па затоа оставете си повеќе време и простор за реакција и немојте да паничите, кога автомобилот се однесува спротивно од вашите очекувања.

Возењето по снег не е едноставно, особено за оние помлади и неискусни возачи.  Ако сте го подготвиле автомобилот за зимски услови, тогаш подгответе се за возење како на „успорен филм“. Основните совети за возење по снег или пат на кој има мраз е се да правите успорено.

Одлика на возење во зимски услови е што има недостаток на „грип“ односно прилепување на тркалата со подлогата, а до тоа нема да стигнете со нагли покрети, па затоа оставете си повеќе време и простор за реакција и немојте да паничите, кога автомобилот се однесува спротивно од вашите очекувања.

Немојте да го користите темпоматот во зимски услови, без оглед колку ви изгледа сув патот, со оглед на тоа што овој систем на обрнува внимание на условите на патот и свиоците, туку константно настојува да ја одржи брзината на движење, што може да биде причина за инцидент.

Претходно пишувавме за тргнување, забрзување и застанување на снежна подлога. Сега кога веќе го возиме автомобилот можно е да се најдеме во ситуација кога треба да вртиме, да сопираме или пак сме заглавиле во снегот. Како да се извлечеме од тие ситуации.
soveti-zimsko-vozenje

ВРТЕЊЕ

Покрај вештината на ракување со кумплунгот, гаста и менувачот, од голема важност е исправното ракување со управувачот. Сите прижења на управувачот мораат да бидат меки, постапни и правовремени. Нагло вртење на управувачот не е допуштено, бидејќи на тој начин возилото може да се дестабилизира, да се занесе, и тоа на начин што возачот нема да може да го сопре, ниту пак да го управува.

Градските маневри по споредните улички некогаш ќе морате да ги направите со многу мала брзина, поради лизгавата подлога, а на отворен пат свиоците треба да се совладуваат со два до три пати помала брзина отколку што тоа би го направиле ако возите на сува подлога. Измените на возните ленти и преминување од една во друга, треба да се направи со што е можно помало вртење на воланот, бидејќи голема количина на снег може да го блокира или занесе возилото.

soveti-zimsko-vozenje3

СОПИРАЊЕ И ТРИКОВИ

При големи брзини во свиок, по правило возилото настојува да го задржи правецот на движење, што значи дека предниот крај на возилото се обидува да вози право. Во тој случај прво што треба да направите е да ја отпуштите папучата за гаста, и да им се дозволи на предните тркала да престанат да лизгаат, односно да се почне со вртење. Најголема грешка на повеќето возачи во таква ситуација е што тогаш уште посилно го вртат воланот и предните тркала во насоката на свиокот, и панично сопираат, а треба да го прават токму спротивното.

Да се сопира треба само ако е неопходно, и во зависност од ситуацијата, а во случај возилото да сака во свиокот дополнително вртење на предните тркала во насока на свиокот, само дополнително ги блокира па со нив неможе да се управува.

Во таква ситуација, воланот и предните тркала треба да се свртат во спротивната насока, од насоката на свиокот за да може тркалата да се израмнат и побрзо да почне вртењето. Кога ќе почувствувате дека предните тркала повторно се вртат, и дека со возилото може да се управува насоката на возење, повторно треба воланот да се сврти во насоката на свиокот, не, не пресилно, туку колку што е потребно.

Целото опишување на постапката се изведува релативно брзо и вака објаснето изгледа опасна и комплицирана, но, кога ќе ја пробате во пракса и увежбате, ќе сфатите дека ваков маневар може да ве спаси од излетување.

soveti-zimsko-vozenje1

КАКО ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕТЕ ПРИ ЗАГЛАВУВАЊЕ

Поради високиот снег и силниот мраз, порано или подоцна ќе дојдете во ситуација со своето возило да запнете, и да неможете да се извлечете. При тргнување и во текот на возење од голема помош е електронскиот уред Traction Control кој спречува непотребно пролизгување на погонските тркала, и од возачот бара повеќе вештина.

Ако го немате овој корисен уред, од снежно заглавување можете да се извлечете со тн. „лулање“ на возилото, напред – назад, прзо префрлање на менувачот во возење напред и назад, со пролизгување на спојката, и кога ќе се добие доволна инерција со посилно додавање на гаста, од снежната прегратка можете да се извлечете само, напред или назад. Ако има премногу снег и мраз, нема друго решение, туку со лопатката да се отстрани снегот и мразот пред сите тркала.

049

ЗАСТАНУВАЊЕ

За застанување во најголема мерка треба да се користи ефектот на моторно сопирање, а што помалку да се користат сопирачките. Кај сопирањето со мотор, исто како и кај забрзувањето на возилото, не смее да се претера со вртежите, бидејќи тоа може да доведе до блокирање на тркалата при префрлање во понизок степен на пренос. Со кумплунгот, гаста и менувачот и во овој случај се ракува како и кај забрзувањето, само со спротивен распоред. За моторно сопирање треба повеќе простор, што треба да се има предвид.

Ако се користат сопирачките, тогаш треба да се има добро чувство, бидејќи ако сте прегруби или пресилни со педалот за сопирање, тркалата брзо ќе заблокираат, а тогаш патот на сопирање е неколкупати подолг. Притисокот на педалот за сопирање треба да биде нежен, и кога ќе почувствувате дека тркалата блокираат да се попушти притисокот на сопирачката.

Ако немате вградено АБС систем на сопирање, кој самиот го спречува блокирањето на тркалата при преинтензивно сопирање на снег или мраз, можете да ја имитирате работата на АБС системот, со брзо притискање и отпуштање на сопирачката, но, за тоа треба многу вежбање и искуство.

Малку практично вежбање ќе го ослободи возачот, особено неискусниот, а о голема мера ќе ја зголеми безбедноста на патиштата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK