GT concept беше прикажан на саемот во Женева лани, и од страна на Opel беше потврдено дека не размислуваат за негово производство, туку едноставно го направиле за покажување.
Изненадувачки сега стигнуваат други информации, дека Германците продолжуваат да работат на проектот, и веруваат дека имаат уште две години да решат пред дизајнот да биде дефиниран.
На саемот публиката упати позитивни критики за дизајнот, а и од компанијата се задоволни. Сега останува да размислат во која насока да се движи развојот на дизајнот. Се очекува обезбедување на финансии за евентуалното производство, но и одлука за серијата на производство. Се очекува тоа да биде некоја ограничена серија што веројатно би чинела и повеќе од вообичаено.
Концептот не озвоможува преземање на некои делови од другите модели, туку ќе мора се да се разработува од почеток.
Ако се реши да се произведува тогаш серискиот GT ќе биде наследник на оригиналниот Opel GT од 1968 година, и пред се би служел за билдање на имиџот на брендот.
GT concept го покренува 1,0 литарски трицилиндричен бензински мотор со 145 КС и 205 Нм вртежен момент, заедно со шест степен менувач. Тоа би било доволно автомобилот да забрзува до 100 км/ч за помалку од 8 секунди и да постигне максимална сила од 215 км/ч.