Кабриолет изведбата на T-Roc сепак ќе се произведува

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на оваа година, главниот директор на Volskwagen, Херберт Дис најави дека германскиот производител планира да започне со производство на кабриолет изведбата на T-Roc. Неколку месеци подоцна, од Volkswagen и официјално потврдуваат дека производството на овој најавуван модел ќе започне во втората половина на 2020 година.

Иако за сега нема многу информации околу техничките карактеристики, сепак се претпоставува дека во понудата ќе бидат постоечките мотори и тоа 1.0 литарски бензински мотор како и 1.5 TSI мотор. Во понудата ќе биде и 2.0 литарскиот TDI мотор.

Кабриолет изведбата ќе се произведува во фабриката во Оснабрик (Германија) за чие прилагодување VW ќе издвои 80 милиони евра, а годишно е планирано да се произведуваат до 20 илјади возила наменети само за одредени пазари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK