Aston Martin го враќа моделот DB4 GT, легендарниот 3,7 литарски ш-цилидричен спортски автомобил со кој Стирлинг Мос победи на трката во Силверстон во 1959 година.
Се произведуваше во периодот од 1959 до 1963 година, и беше најбрзиот британски патнички автомобил. Само 75 примероци беа произведени во тоа време, а сегашната вредност на таков модел е 3,7 милиони долари.
Сега британскиот бренд изјави дека ќе произведе нови 25 возила DB4 GT кои ќе бидат како и оригиналните од пред 50 години кога запре производството. Модерната верзија ќе се базира на оригиналната спецификација на DB4 GT, од што Aston Martin произведе само осум парчиња. Сегашната цена н арачно изработените модели ќе чинат околу 1,75 милиони евра. Може да се нарачаат директно во фабриката а испораката би требало да биде до крајот на 2017 година.
Но, каде е загатката? Тие се единствено за тркање. И секој сопственик ќе добие двегодишно членство за меѓународно користење на тркачки патеки и курсеви, и тоа од Абу Даби, Азија, Европа и Северна Америка. Програмата опфаќа професионални иструктори и победници на Леман кои ќе им помогнат на сопствениците да ги подобрат сопствените возачки перформанси.
Новиот DB4 GT ќе биде спој на старото и новото. Ќе има изглед како стариот модел, со модерна техника и подобро управување, сопирање и безбедносни системи, и перформанси на мотороите. Деталите во внатрешноста ќе останат препознатливи на Aston Martin, како што се дрвени управувачи.
Новото возило ќе го задржи редниот 6-цилиндричен мотор со 340 КС, и со две свеќички по цилиндар, што било стандард за да се извлече максимум сила од моторот и оптимална ефикасност. Ќе има погон на задните тркала и четири степен мануелен менувач и ограничен диференцијал, слично како и кај првиот DB4 GT. Возилото ќе биде двосед поради помалата должина.