Нова патарината во Србија на автопатот до Белград

ОБЈАВЕНО НА:

Од понеделник поскапува патарината во Србија, и доколку патувате од Скопје до Белград ќе платите 70 динари повеќе од досега. Веројатно ова нема д абиде прво поскапување, зашто после Нова година се очекува ново поскапување од 10 отсто по барање на „Србија Пат“.

Почнува со работа новата рампа кај Прешево за која ќе се плаќаат дополнителни 70 динари, и наместо досегашните 920 ќе треба за користење на автопатот да платите 990 динари.

Србија има пуштено во употреба пат долг 22 километри и сега ќе наплаќа за негово користење, и тоа кај Прешево. Цената за автомобили ќе биде 70 динари, а за камиони 440 динари.

Од следната година патарините во Србија може да поскапат и за уште 10 отсто, ако се барањето на компанијата што ги одржува истите, „Патеви Србија“. Владата на Србија треба да го разгледува барањето и да реши за истото, и тоа би требало да случи до крајот на годинава.

Од 2008 година цената на патарините е иста, иако повеќепати било барано поскапување.

Според новиот предлог, делницата од Ниш до Белград која сега се плаќа 730 динари во иднина би требало да чини 800 динари (122 динари = 1 евро).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK