Внимавајте: Во Бугарија една третина возат пијани

ОБЈАВЕНО НА:

Возењето во алкохолизирана сосотојба е една од најчестите појави на прекршоци во Бугарија, според извештајот на сообраќајната полиција. Според нивните податоци до крајот на октомври 2016 година имало 14.762 возачи што биле „фатени“ под дејство на алкохол, а дури половина од нив имале повеќе од 1,2 промили во крвта.

Тоа е дури 10 отсто повеќе во однос на лани, што го покажала кампањата „алкохолот е лош возач“ каде се истражуваат навиките на бугарските возачи.

Според истражувањето дури 77 отсто од оние што „пивнале“ не сакаат да возат, но 32 отсто од домашнит евозачи сепак седнуваат зад управувачот. Дури 64 отсто сметаат дека нивната одлука да возат иако пиеле, е поради размилсувањето дена тие не пиеле повеќе од дозволеното. На второ место е немањето друга алтернатива да стигнат до дома, па мораат и во ваква состојба да возат.

Па после овие податоци, внимавајте кога патувате во Бугарија, особено навечер. Сега почнува скијачката сезона, па сигурно ќе има и колони што ќе се упатат кон нивните скијачки центри, а навечер ќе се користи времето за дружење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK