Нов рекорд: „Track-Tor“ е најбрзиот трактор во светот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Тракторот наречен „Track-Tor“ во моментов важи за најбрзиот во светот, а има одлични перформанси. Се работи за возило со многу сила кој има изненадувачки голема брзина.

На сите им е јасно дека ова не е трактор кој е наменет за работа на нива или за влечење на приколка. Неговата смисла на постоењето е брзината.

„Track-Tor“ го движи 5,7 литарски V8 бензински мотор од Chevrolet и развива повеќе од 500 коњски сили. Задните тркала се од 54 цола. Вообичаено тракторите имаат кочници само на задните тркала. Сепак, кај овој трактор ситуацијата е поинаква бидејќи има кочници на сите четири тркала.

Воедно “Track-Tor” успеа да го надмине стариот светски рекорд за најбрз трактор поставен во 2015 година. Тогаш кон средината на февруари поранешниот светски првак Јуха Канкунен со Valtra T234 успеа од 7,7 тона и официјално 250 коњски сили стигна до брзина од 130,165 км/ч. Брзината до која стигна „Track-Tor“ е 140,334 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK