Во следните 12 месеци компанијата BMW ќе мора да го запре производството на моделите на бензин од 7-Series. Ова е поради новите барања за намалување на емисија на штетни гасови во Европа, на кои не може да се одговори со овие модели.
Worldwide Harmonized Light Vehicle Test Procedure е новиот циклус по кој автомобилите во Европа ќе бидат мерени за средната потрошувачка на гориво. Во теорија, тој треба да даде доста поблиски резултати до реалните.
За да успее да одговори на потребите, 7-Series со моторите на бензин ќе треба да постави филтен за тврди честички. Се покажа дека монтажата не е лесен процес, а ќе треба да биде направен чисто нов дизајн на издувниот систем.
Засега не е предвидено запирање на производството на дизел верзиите, а исто така не се знае и каква ќе биде судбината не бензинските модели за пазарите надвор од Европа.
Се очекува производството за Европа да биде обновено следната година.