Падна и последниот бастион: Жените ќе може да возат автомобили и во С.Арабија

ОБЈАВЕНО НА:

Истакнат принц од кралското семејство на Саудиска Арабија изјави дека на жените треба да им се дозволи да возат автомобили.

Саудиска Арабија е единствена земја каде на жените им е забрането да возат, но на 30 ноември Принц Алвалед бин Талал oбјави на твитер интересен пост: „Доста дебатирање. Време е жените да возат“. Тој има 5,4 милиони следбеници на твитер.

Кратко по оваа негова објава, канцеларијата на Принцот објави и официјално соопштение со различни причини зошто на жените треба да им се дозволи да возат.

„Оневозможувајќи им на жените да возат автомобили денеска е прашање на правата, слично како она да се одалечи од добивањето на образование или да има независен идентитет“, се вели со образложението.

Од друга страна во соопштението се наведува дека со тоа што жените не можат да возат, им проблеми со зголемување на трошоцте во семејството. Мора да се користат странски возачи, такси а сето тоа чини пари.

Според известување на ТV Алџезира, милијарди долари се изнесуваат од С.Арабија поради скапото користење на странски возачи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK