Во Nissan планираат да изработат сериска верзија на концепцискиот кросовер под името IMX, кој ќе првпат беше покажан за време на саемот во Токио во октомври минатата година.
Оваа новост беше соопштена од страна на Autocar од срана на Мамору Аоки, кој е шеф на европското дизајнерско студио на компанијата. Од она што беше кажано станува јасно дека производството на автомобилот ќе почне во текот на следните неколку години.
„IMX не е едноставен концепт. После неколку години тој ќе се појави во производство. Се разбрира, ние ќе имаме нов Leaf, но мислам дека сериската верзија на IMX ќе биде вистински пробив“, вели дизајнерот и додава дека повеќето од техничките карактеристики на протипот ќе бидат искористени од сериската верзија на кросоверот.
Возилото ќе биде изградено на основа на втората генерација на електромобилот Nissan Leaf и ќе поседува иновативна електрична инсталација.