Четирите града, Париз, Атина, Мекиско Сити и Мадрид се договориле дека ќе работат на подршка на употребата на електрични, хидоргенски и хибридни возила, но и ќе го промовираат и поттикнување на користењето велосипеди и ќе работат на изградбата на пешачки патеки.
На Самитот на градоначалници Ц40, кој се одржува во Мексико Сити во Мексико, направен е историски чекор напред за намалување на емисијата на јаглерод во воздухот и за подобрување на квалитетот на воздухот во градовите.
Градоначалниците на Париз, Мексико Сити, Мадрид и Атина се договориле од 2025 година целосно да се посветат на забраната за употреба на дизел возилата во овие градови.
Сите изјавиле дека ќе ја употребат сета своја моќ за препорачување на употребата на електрични, хидрогенски и возила на хибриден погон. Лидерите истовремено се договорија дека ќе направат чекори за промовирање и поттикнување на користењето велосипеди и ќе работат на изградбата на пешачки патеки.
Холандскиот Парламент во април 2016 година го одобри нацрт-законот со кој од 2025 година се забранува продажба на дизел возила во земјата.
И во Германија, за да се поттикне производството на електрични автомобили, се планира од 2030 година да се забрани продажбата на дизел и бензински возила.