Акумулаторот е еден од најважните делови од автомобилот, а доколку возите постар автомобил секогаш е важно да внимавате на него бидејќи лесно можете да останете во проблеми односно да не можете да го стартувате возилото. Затоа е важно секогап во задолжителната опрема во својот багажник да имате кабли за палење на струја.
Особено е важно овие кабли да бидат во багажникот кога температурите ќе бидат под нулата. Но без разлика на временските прилики можно е да имате проблеми со палењето на автомобилот.
Како да се стартува автомобилот со помош на кабли:
За да го направите ова ќе ви треба уште еден автомобил покрај вашиот, кој има полн акумулатор. Најлесно е да се спојат каблите во таква ситуација. Сепак, мора да внимавате да не се допираат.
Израмнете ги кабловите. Имате по две црвени и две црни клеми. Симнете ги чепчињата од акумулаторите.
Прицврстете ја едната црвена клема на позитивениот терминал на празниот акумулатор. Тој терминал е означен со знакот + и е поголем од негативниот така што не можете да згрешите. Клемата секогаш ставајте ја прво на празен акумулатор.
Другата црвена клема спојте ја на наполнетиот акумулатор на ист начин.
Црната клема спојте ја на негативниот терминал на наполнетиот акумулатор. Со другата страна на црната клема сега треба да направите вземјување. Приклучете ја на кој било метален дел од моторот, на автомобилот со празен акумулатор.
Кабловите веројатно ќе фрлаат искри, што е вред, но внимавајте да не допирате метални делови.
Откако ќе го стартувате возилото неколку минути држете под лесна гас. Клемите односно каблите симнете ги по обратен редослед од ставањето.
Запаметете: Плусот секогаш оди на плус, минусот секогаш на минус!
Како да се стартува автомобил со туркање
Ако се најдете во ситуација да ви се испразни акумулаторот, а покрај себе немате клеми обидете се да го стартувате автомобилот со туркање. Дури и ако не сте на место под кое има удолница, најдете некој кој ќе биде доброволец и ќе турка на рамен пат за да можете да го запалите автомобилот.
Најважната работа кај обидот за стартување на автомобилот „на туркање“ е да се знае дали моторот има ремен со запци или ланец. Ако е во игра ова второто, можете да го палите на туркање. Ако имате ремен на запци, при нагло движење би можеле да ги оштетите вентилите и цилиндрите. Автомобилот на туркање ќе го запалите на следниот начин:
Дајте контакт.
Менувачот ставете го во втора брзина.
Личноста која е во автомобилот треба да го држи педалот на квачилото, а кога автомобилот ќе добие на брзина (моментално) лесно да се пушти и постепено да се додава гас.
Во двата случаи – палење со кабли и на туркање – автомобилот би требало да тргне. Можете да го продолжите својот пат, но ви препорачувње – до најблискиот сервис во кој ќе се утврди дефектот.