Сообраќајките во Македонија направиле штети од 2 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Секојдневно на патиштата во Македонија се случуваат дузина сообраќајки од кои некои се само со помала материјална штета, а кај некои има и повредени, па дури и загинати патници или други учесници во сообраќајот. Според последната статистика на Министерството за внатрешни работи во 2017 година вкупната штета предизвиката од сообраќајните несреќи била во вредност од 116.803.187 (околу 1,9 милиони евра).

Според очекувањата, на територијата на СВР Скопје во 2017 година биле направени најмногу, 1.652 сообраќајни незгоди со потешки последици. Имало 1.617 незгоди со тешко повредени, а имало и 37 загинати. Вкупно 2.500 лица е настрадани во сообраќајки. Материјалната штета направена во незгодите што била евидентирана од страна на МВР изнесувала 29.390.434 денари (околу 478.000 евра).

Најмалку сообраќајки со тешки последици имало со Крушево, само 2, а во Берово исто така имало едноцифрен резултат – 8. Во Крушево, Берово и Пробиштип во сите сообраќајки имало само материјална штета, но не и загинати.

После Скопје каде имало 37 загинати во сообраќајки, најтешки незгоди со загинати имало во СВР Струмица – 30, и СВР Битоал – 28.
Во СВР Скопје како најголем дел имало и најмногу незгоди со тешки повреди (1.617) и со тешки последици (218) и лесни последици (2.245).

Најмногу загинати во сообраќајки во Македонија во 2017 година се на возраст од 41 до 64 години (вкупно 52), од што 13 се патници, 10 пешаци а другите ги управувале возилата. Вкупниот број на загинати е 155 лица, од што 77 возачи, 44 пешаци и 34 пешаци.

Во однос на повредните лица, најмногу се на возарст од 25 до 40 години (вкупно 1.992), од што 1.150 се возачи, 691 се патници и 148 пешаци. Од вкупно 6.224 повредени, на пешаци отпаѓаат 914 а на патници 2.443.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK