Во југоисточна Полска во градот Пжемижл се регистрирани сам 14.200 возила. И тука не би било ништо чудно доколку 12.500 од нив не се заведени на само 17 лица. Причината поради која се случува ова е во локалното законодавство кое дозволува движење на локално регистрираните возила на територијата на соседна Украина.
Оттаму овие 17 Полјаци се сетиле и го искористиле овој момент од побарувачката на возила со броеви од Европската унија и создале фирми-фантоми. На нивно име се регистрираат возила кои се возат во Украина без да се плаќаат давачки.
Цената на услугата варира од 24 до 120 евра. За оваа скромна сума Украинците не само што ги добиваат сите неопходни документи туку им се дозволува автомобилот да ја мине границата.
Ситуацијата ги нервира жителите на Полска. Во земјата сè повеќе се слушаат барања за власта да преземе нешто и да и да провери дали големите сопственици на илјадници возила плаќаат уредно даноци.