Пред да инвестира во Daimler, од Geely сакале да го купат FCA

ОБЈАВЕНО НА:

Главните луѓе во кинескиот производелите на автомобили, Geely пред да се насочат кон инвестирање во Daimler имале неколку неформални состаноци со цел купување на FIAT Chrysler Automobiles (FCA).

Ваквата информација ја публикуваат анонимни лица од компанијата, а доаѓа само неколку дена откако милијардерот Ли Шуфу купи 9,69 проценти од Daimler за сума од 9 милијарди долари.

Контактите со FCA биле направени на средината на минатата година, а целта и тогаш била Geely да се прошири надвор од Кина. Шуфу не потврди никогаш официјално за преговорите, но за време на разговорите се појавиле разлики во однос на цената.

И од Geely и од FCA не коментираат ништо за разговорите. Сепак, Automotive News уште во август соопшти дека Кинезите дале понуда до FCA, но дека истата била одбиена со оглед на тоа што била многу пониска од онаа која главниот на оваа компанија Серџо Маркионе планирал да ја прифати. Сепак, тогаш немаше информација за која кинеска компанија се работи.

Со оглед на тоа што и други компании од Кина имале интерес кон FCA, меѓу кои најсериозен интерес имало од Great Wall, но и од Jeep.

Сега тоа е минато за Geely со оглед на тоа што после купувањето на пакетот акции во Daimler, веќе стана најголемиот акционер во германскиот концерн, а тоа е и најголемата инвестиција, која била направена од страна на кинеската компанија во западниот производител на автомобили. Geely го има и Volvo Cars, а минатата година купи дел во производителот на камиони Volvo AB за сума од 4 милијарди долари.

Додека Geely и другите кинески компании бараат начин за излез на светскиот пазар со инвестирање во компании од Европа и САД, главниот извршен директор на FCA, Серџо Маркионе смета дека консолидацијата е повеќе од неопходна за подобрата иднина на автомобилските компании.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK