Веќе е официјално: Претставено новото Peugeot 508

ОБЈАВЕНО НА:

После појавувањето на официјалните фотографии кои го открија дизајнот на новото Peugeot 508, производителот од Франција веќе и официјално го покажа возилото. Голем дел од прелиминарните податоци за моделот се покажаа доста блиску до визијата, а голем дел од цртите се до концептот Exalt.

На предниот дел доминираат нови LED светилки, кои имаат овална форма. Позади водечки елемент се стоп светлата, кои се предлагаат со познат дизајн од кросоверите 3008 и 5008.

Новиот 508 ќе се изработува на EMP2 платформата која се користи за намалување на тежината во однос на претходникот, но ќе отвори и простор во внатрешноста.

Возилото ќе се продава само со еден мотор на бензин. Тоа е 1,6 литарскиот турбо мотор во верзија со 177 и 217 коњски сили. Дизел моторите се два и тоа 1,5 и 2,0 литарски, кои се познати од другите модели на PSA. Моќноста тука ќе биде во три варијанти од 128, 158 и 177 коњски сили.

Ќе има два различни мечнувачи. Едниот е со шест степени со механичка кутија, додека другиот е нов осумстепен автоматик. Plug-in хибридната верзија ќе се појави во текот на 2019 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK