Новото Porsche 911 GT3 RS ќе биде со 520 коњски сили (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

После неколку информации и големо количество на папараци фотографии, Porsche конечно го покажа новото 911 GT3 RS за кое се знае дека ќе биде промовирано на саемот во Женева следната недела. Кога се појави првата фотографија од новото возило немаше никакви информации околу тоа каков мотор ќе користи моделот, а сега веќе се знае дека ќе има атмосферски 6-цилиндричен боксер со обем од 4 литри. Моќноста веќе е со 520 коњски сили, а бројот на вртежниот момент е 9000.

Направена е уникатна комбинација од помоќната верзија на моторот од GT3 врзана со екстремната аеродинамика на GT2 RS.

Максималната брзина на 911 GT3 RS e 312 км/ч, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч доаѓа за само 3,2 секунди.

Автомобилот ќе има 7-степена PDK трансмисија, која е со нови подесувања, специјално за 911 GT3 RS. Другите промени вклучуваат посериозно аеродинамично притискање, потврдо суспензија, промени во шасијата…

Карактеристика на новото 911 GT3 RS е и тоа што задните тркала на колата се вртат, а PASM амортизерите исто така се со нови подесувања.

Керамичките кочници се порачуваат како екстра опрема, како и новите летни бандажи кои се за 100 килограми полесни од оние кои ги користеше претходниот GT3 RS.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK