Зошто не треба во зима да го оставате телефонот во автомобилот

ОБЈАВЕНО НА:

Секое заборавање или намерно оставање на вашиот смартфон во автомомобилот може да биде доста ризично. Ако го имате оставено на видливо место, тој ќе биде мета на крадците. Дури и да е ставен некаде на место каде не се гледа штом крадците влезат во автомобилот тогаш можно е да останете без вашиот мобилен телефон.

Сепак, и зимата носи уште една опаснсот при оставањето или заборавањето на телефонот во автомобилот. Најголемиот дел од производителите на електроника дозволуваат експлоатација при температури до минус десет степени. И при такви температури, уште полошо и при пониски, батеријата ја губи својата енергија.

Ако го земете телефонот и го вклучите да се полни веднаш тоа може да доведе до ширење и деформација на целиот апарат.

Дури и батеријата да не е потрошена целосно, ако го земете телефонот од студениот автомобил и го ставите на топло место веднаш ќе се образува кондензација, која ќе доведе до сериозни проблеми. Затоа бидете внимателни и не го оставајте вашиот телефон во автомобилот преку зима, но и во друго време од годината.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK