Ѕирнете во внатрешноста на новиот VW California XXL (Фотогалерија)

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на месецов германски Volkswagen ги објави првите фотографии на моделот California XXL concept пред дебито на саемот на каравани во Дизелдорф. Сега компанијата објави и сет на фотографии од самото возило покажувајќи го луксузот и удобноста што го нуди овој кампер.

Базиран на моделот Crafter, овој California XXL е дома на тркала тежок околу два тона со зголемен покрив, но и покрај масивниот покрив задржан е коефициентот на отпор во рамките на конвенционалниот Crafter. Моделот доаѓа со фиксен панорамски покрив, и зголемен простор во горниот дел што се претвора во голема спална соба, или пан во дневна занимална за децата во долниот дел.

Испланирано е сѐ до последен детал, и многу од функциите може да се управуваат преку мобилна апликација. Новиот модел има голем број на системи за асистенција, удобна суспензија и ниска потрошувачка. VW ималe неверојатна можност да ги пренесaт квалитетите на California во повисока класа, се вели во официјалното соопштение на VW.

Камперот им два метри долг и удобен кревет, кауч, ротирачки предни седишта за 180 степени, шпорет со 2 рингли, фрижидер, мијалник, како и бања со туш и тоалет. За задвижување на моделот се користи турбодизелски мотор со 177 КС што оди заедно со VW 4Motion систем на погон на сите тркала.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK