Зимата е годишното време во кое возењето е најтешко и затоа преставува најпредизвикувачка сезона за возење. Воедно зимата е причина за немир кај голем дел од возачите. Статистички, шансата за сообраќајна несреќа кај неискусните возачи е многукратно повисока. Дури и почетниците можат да се насладуваат на времето зад воланот, кога автомобилот и гумите им се во добра состојба.
„Во текот на зимата има голема разлика во врееменските услови, а промената на снег и мраз може да ги изненадат неискусните возачи. Видливоста често е послаба, а дождот и лапавицата има слно влијание на управувањето на автомобилот и патот за запирање“, изјавува Мика Куси од Nokian Tyres.
Младите возачи се соочуваат со тешкотии, кога се вклучуваат во патничкиот сообраќај. Многу од нив возат ретко. Кратките патувања меѓу домот и продавниците не допринесуваат особено за натрушување на возачко искуство во зимски услови.
„Луѓето, кои возат поретко, често имаат проблем о предизвикувачките првци и со различни временски услови. Возењето во центарот на градот во сообраќаен метеж, паркирањето и возењето по темница, изгледаат страшни за новите возачи“, објаснува Куси.
Контролата над автомобилот се подобрува со искуство
Европската комисија, возачите на возраст меѓу 16 и 24 години многу почесто се наоѓаат во статистиките за несреќи и смртност на патот. Ризикот од сообраќајна несреќа за младите возачи е два до трипати поголем отколку кај поискусните. Инцидентите поврзани со младите возачи, често се предизвикани од загуба на контрола или преголема брзина и е поверојатно да се случат преку ноќ.
Состојбата на автомобилот и познавањето на неговите карактеристики покажуваат значително влијание над безбедноста. Младите возачи често возат постари автомобили, кои немаат современи безбедносни системи. Место вториот семеен, подобро е на младиот возач да му се даде на располагање автомобил кој е најбезбеден.
„Дури и кај новите модели на автомобили е потребно да знаете како се однесува возилото во поекстремни ситуации. На пример, враќањето во вашата лента, откако сте успеале да поминете друг автомобил е типично сценарио за загубена контрола во зимски услови“ вели продукцискиот менаџер на Nokian Tyres, Мартин Дражик.
Тој напомнува дека дури и автоматските системи за безбедност кај големите СУВ модели не можат да ја одржуваат тежината на автомобилот на лизгав пат, ако брзината е многу висока.
Кога возите малку, добро одржуваните гуми се најбезбеден избор
Како надополнување кон тоа дека неикусните возачи треба добро да го познаваат автомобилот, тие треба да имаат специјално внимание и на гумите. Дражик им препорачува на возачите со мало искуство да го изберат најдобриот и најновиот модел.
„Најновите модели на гуми секогаш обезбедуваат подобар контакт со подлогата, а актуелните новости ќе ви обезбедат подобро чуствоза котрола и безбедност, кога возите по лизгави патишта. Новите гуми, логично, се во добра состојба, но и покрај тоа е препорачано да ја проверувате длабочината на шарата редовно за да бидте сигурни. Многу е важно исто така да го одржувате вистинскиот притисок на гумите“, коментира Дражик.
Возете смело! – Совети за неискусни возачи:
* Потребната самодоверба можете да ја стекнете само со искуство. На пример празните паркинзи дозволуваат да го тестираат автомобилот во различни ситуации.
* Редовnо треба да вежбате возење на лизгава површина за да знаете како ќе се однесува вашиот автомобил. Патеките изградени на ледените езера се најдобри за оваа цел. Ако е потребно можете да посетувате и специјални патеки за тренирање. Сепак, често тие се многу полизгави и не го даваа истото чувство како снег или мраз во идеални услови.
* Главниот елемент е лесното вртење. Место да паничите, да стискате на сопирачките и држењето на рамената, треба да барате вистинските зони и кон нив да го насочите автомобилот и да се обидете да ја задржите контролата дури и во случај нешто да ве изненади.
* Проверката на притисокот на гумите одвреме нав реме може да изгледа како нешто незначително, но практично може да се покаже како исклучително важна за време на екстремни услови. Автомобилите со неправилен притисок можат да се однесуваат чудно на патот за време на маневри при висока брзина.