young brunette woman in new car

Жените во Туркменистан остануваат без возачки дозволи

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата во Ашхабад, кој е главен град на Туркменистан ги запира автомобилите со жени зад воланот и без изговор им ги одзема возачките дозволи. Акцијата веројатно е под наредба на Претседателот на земјата откако го прочитал извештајот на Министерот за внатрешни работи во кој се истакнува дека поголемио дел од сообраќајите несреќи во земјата се по вина на жени-возачи. Затоа Претседателот веднаш реагираше и побара ситуацијата да се поправи.

Низ целиот град има комплетни проверки , а се запираат само возила со жени зад воланот. Измислуваат секакви причини и им ги одземат возачките дозволи. На една жена и ја одземале дозволата бидејќи кутијата за прва помош не одговарала на прописите.

Во неформален разговор за сајтот azathabar.com, полицаец признал дека добиле наредба да ги соберат возачките дозволи на жени кои управуваат автомобили. Пред да се случи ова со слична полициска акција се соочиле и лицата со посебни потреби, кои живеат во Ашхабад. Исто така е забрането да се возат стари автомобили, како и тркачки автомобили. Легитимни причини за ова нема.

Според информациите минатиот месец, Туркменистанките со возачки дозволи биле испрашувани од реонските инспектори и тоа за времето кога ја добиле возачката дозвола, од кој пат го положиле возачкиот испит, со чии пари го купиле автомобилот и кој плаќа за неговото одржување. После ова биле информирани и предупредени дека мораат одново да полагаат возачки испит за да добијат дозвола.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK