Започна продажбата на Golf 8 – познати се цените

ОБЈАВЕНО НА:

По премиерата во октомври во Волфсбург, Volkswagen и официјално започна со продажба на осмата генерација на Golf во Германија.

При тоа познати се и цените кои се движат во рамките од 27.510 евра па се до 33.840 евра.

Најевтината верзија која чини 27.510 евра располага со 1.5 литарски TSI мотор со 130 КС и шест степен мануелен менувач. Помоќната верзија од оваа располага со истиот мотор, но со 150 КС и чини 28.530 евра.

Верзијата опремена со 2.0 литарски TDI мотор и 115 КС чини 29.155 евра додека најскапата верзија која се продава по цена од 33.840 евра е опремена со истиот мотор, но со 150 КС и седум степен автоматски менувач.

https://youtu.be/1L9HZ4-q0ho

Продажбата во останатите земји од Европа ќе започне кон крајот на годината и почетокот на следната.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK