За поголема безбедноста: Ford изработи капа против заспивање

ОБЈАВЕНО НА:

Возачите на долги релации во иднина нема потреба да се грижат да не заспијат зад воланот бидејќи од Ford донесуваат интересна новост за капа која ќе има систем што ќе го буди. Се работи за капата Safe Cap, а истата ќе има систем за регистирање на движењето и алгоритам за сон, а при регистрирањето ќе следува аудио, визуелно и предупредување со вибрации.

Капата против сон е претставена како дел од празнувањето на 60-годишнината на Ford Trucks во Бразил и е првиот ваков систем за зголемување на безбедноста на патиштата.

Се работи за добро истестиран производ во период од осум месевци, а должината на која е вршен тестот е 5.000 километри. Од компанијата Ford велат дека тестирањата ќе продолжат и во иднина, а потоа производот ќе биде пантиран. Засега нема информации кога капата ќе биде официјално во продажба.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK