За домашна употреба: Во батериите од Renault ќе се складира енергија од соларни панели

ОБЈАВЕНО НА:

Renault ги пренаменува старите батерии од електричните возила за складирање енергијата добиена од соларните панели во домаќинствата. Всушност долгорочното влијание на батериите, што веќе не може да се користат во електичните возила, врз животната средина се наметна како прашање со кое се соочи целата индустрија, а Renault понуди и решение.

Renault се здружи со компанијата Powervault и со електро-компанијата M&S Energy да ги пренаменат батериите за да одговорат на потребите во домот. Всушност по 8 до 10 години користење, батериите веќе не се погодни за користење во електрични возила, како што се Renault Zoe, Twizy или Kangoo Ze, но се уште имаат доволно капацитет за други примени. Односно, откако ќе се отстранат од возилото, се тестираат и од страна на Powervault се препакувани во батерии за домашна употреба со можност за користење од уште 10 години.

Следниот месец во Велика Британија стартува едногодишна тест програма, со која 50 вакви батерии ќе се диструбуираат кај потрошувачи на електродистрибутивната подружницата од трговскиот малопродажен синџир Marks and Spencer. Првите корисници веќе имаат инсталации со соларни панели и батериите треба да им овозможат складирање на енергијата во периодот додека сонцето грее, со цел истата да се користи во пик периодите кога електричната енергија има највисока цена. Во програмата се вклучени школи и приватни домови.

Покрај заштитата на животната средина, искористувањето на старите батерии ќе допринесе и за намалување на трошокот за батерии за складирање на енергијата во недвижностите за 30 посто.

Успехот со батериите од Renault може да се очекува да се прошири и да ги вклучи во програмата и батериите од електричните возила на Nissan и Mitsubishi.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK