Претседателскиот кандидат во Франција, Марин Ле Пе изјави дека ќе ја заштити домашната авто индустрија, на ист начин како што тоа најави дека ќе го направи и новиот претседател на САД, Доналд Трамп.
На пролет во Франција ќе има претседателски избори, па уште отсега кандидатите ги најавуваат своите планови, и она што сакаат да го спроведат во економијата.
Новоизбраниот претседател на САД најави повисоки царини за автомобилите што се произведуваат надвор од државата, за да се задржат работните места на домашните фабрики. Тој ја пофали одлуката на Ford Motors од минатата недела откако беше откажан планот за изградба на фабрика во Мексико, и потврдата на Fiat Chrysler за отворање на 2.000 работни места во нивнит ефабрики во САД.
А Ле Пен беше запрашана дали таа мисли дека ќе се случи истото и со француските фабрики на Reanult и на PSA Group, и одговори: „Тој (Трамп) ги вoспоставува мерките што јас ги барам со години“.
Својата одлука таа ја објасни како „економски патриотизан, и интелегентен протекционизам“.
И двете француски компании, Renault и PSA имаат значителни активности во производство на возила и делови во југоисточна и источна Европа. Производителите на автомобили од Франција се сретнаа со домашните опозиционери околу нивните планови за проширување на производството во земјите со ниски приходи во Северна Африка.
Економските прашања ќе бидат едни од главните во претседателската кампања во Франција.